Kовачевски: Да се биде НАТО, значи да се биде на маса со најразвиените демократии во светот

Горд сум што денес одбележуваме остварување на стратешките цели како членка на најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата. Успеавме со носење храбри, државнички и тешки одлуки. Со исто темпо продолжуваме и кон членството во Европската Унија.

Да се биде НАТО, значи да се биде на маса со најразвиените демократии во светот, одлучувајќи за светската безбедност. Мир и развој за безмалку една милијарда луѓе со заеднички вредности.

Поразлична перспектива за важноста на безбедноста ни даде бруталната неиспровоцирана воена инвазија која Русија ја врши врз Украина. Тука се гледа солидарноста и обединетоста на НАТО, визијата на сојузништвото, и зошто од оваа криза повторно ќе излеземе посилни, посплотени.

Да се биде НАТО значи да ни се зајакне и расте Армијата и за да го чува мирот и за да спасува човечки животи како во земјотресите во Албанија и Турција, за која спремност и пожртвуваност сме ви крајно благодарни.