Рај за богатите во време на криза се гради на бреговите на Атлантскиот Океан, во мексиканското одморалиште Тулум. Среде џунглата каде живееле Маите, во тек е изградба на луксузен комплекс во форма на гнездо, во кој богатите ќе бидат заштитени и одвоени од светот.
Според шпанските архитекти кои се автори на овој хотел, во време на пандемија, богатите луѓе ќе избираат места каде гужвата е помала. Иако Тулум е добро познато летно одморалиште, тие предвидуваат да изградат комплекс во кој богатите ќе бидат заштитени и изолирани.
Комплексот е со површина од повеќе од 46.000 метри квадратни и треба да има 204 станови, 167 соби и 16 приватни вили.
Комплексот е составен од неколку гнезда, и секое функционира како независна единица. Секој има огромен базен во средина и други активности и може да функционира целосно одвоен од надворешниот свет, иако е близу до морето.
Според нив, формата на гнездото е избрана затоа што обезбедува „исконско чувство на безбедност напишано во нашите гени“ и во нив „луѓето се чувствуваат заштитени и посветени на себе“.
Инвеститорот е најголемата мексиканска компанија за недвижнини.
Видео како изгледа тој комплекс: