Каде ќе стапне Красимир Каракачанов таму трева не никнува. Последен тоа го дозна бугарскиот боксер Кубрат Пулев кој рано утринава боксуваше со британецот Ентони Џошуа за титулата светски првак во бокс.

Откако со својот примитивен национализам ја растури како кула од карти бугарската стратегија за ребугаризација на Македонците и изгради кинески ѕид меѓу Македонците и Бугарите, сега Каракачанов му донесе малку “среќа” и многу “тепање во рингот” на боксерот Пулев.

Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов преку неговиот профил на Фејсбук му посака успех на Кубрат Пулев.

Да му посакаме успех на Кубрат Пулев во борбата за светската титула во бокс, напиша Каракачанов на фејсбук.

Инаку Кубрат Пулев самиот се нарекува Кобра ама рано утринава кобрата не му помогна многу на Пулев кој беше растурен и нокаутиран во деветтата рунда од светскиот првак Џошуа.

Сега Бугарите го оправдуваат катастрофалниот настап на Пулев со фактот дека прележал коронавирус.

На почетокот на оваа година Каракачанов му додели воен чин на боксерот Пулев.

Во таа прилика Каракачанов изјави: Пред Божиќ го унапредив во чин поручник Кубрат Пулев, гледате во каква форма е, ако сакате да прошетаме по софиските улици, за да видиме дали 20-25 годишни се во подобра форма, рече Каракачанов.

Денес читаме агентот на бугарските служби Каракачанов пробува да се прави духовит и да кажува дали ако Македонците се наречат марсовци тогаш и цар Самоил бил марсовец!?

По толку тешки удари од Ентони Џошуа и тежок нокаут во деветтата рунда сега само Пулев може да сподели искуства од “разговори со марсовците”.