Израелски воздушен напад уништи 11-катна зграда во градот Газа, во која се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед прес и други меѓународни компании и медиуми, како и станови за живеење.

Висококатница во Газа, во кој се наоѓаа канцелариите на Асошиејтед прес и Ал Џезира, се сруши денеска откако беше погоден од израелски ракети, пренесува Ројтерс.

Сопственикот на зградата бил предупреден однапред за претстојниот израелски ракетен напад, наведува агенцијата, а зградата била евакуирана.

Во зградата имало и станови и други канцеларии.

Израелската армија околу еден час пред нападот предупреди дека Ал Џала тауер мора да биде евакуирана, пренесе АП.

Бројот на жртви на конфликтот расте секој ден, но и притисокот на меѓународната заедница да му стави крај.

Палестинските власти потврдија дека најмалку 12 лица загинаа денес во еден од неколкуте воздушни напади на северот на Појасот Газа, вклучително и една жена со три деца и дека израелските авиони уништиле џамија.

Сите меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите кон Израел од безбедносни причини, објави израелското државно радио Кан.

Во извештајот се наведува дека авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати е меѓу последните што ги прекинале летовите кон Израел, пренесува TАСС.