Албанскиот министер за надворешни и европски работи Гент Цакај рече дека извинувањето на Србија за, како што тврди, злосторства врз Албанците на Косово, е предуслов за траен мир. Тој ја обвини Србија за „вршење геноцид на Косово“.

Тој тоа го рече по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на геноцид, објави порталот Косово онлајн.

Цакај на својот Фејсбук профил напиша дека Србија „за жал сè уште не се извинила за злосторствата против човештвото и геноцидот извршени во Косово“, тврдејќи во исто време дека Србија „ги крие телата на илјадници Албанци исчезнати од последната војна“.

Image may contain: 1 person, sitting and outdoor

Според неговите зборови, посветеноста кон мирна иднина „не подразбира заборавеност“, и тој смета дека „оддавањето почит на жртвите и барањето за извинување од Србија“ е предуслов за траен мир на Западен Балкан.