Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели изјави дека „Косово нема да биде во војна со Србија се додека не биде загрозена територијата на Косово“, но дека доколку е потребно, тој е подготвен повторно војнички да се активира.

Претпочитам дијалог со Србија. Јас сум стар, но ако целата работа дојде до таа точка, верувам дека повторно би се борел како млад човек, исто како на времето кога бев против Србија“, изјави Кадри Весели за приштинските медиуми.

Претседателот на ДПК, партија која политички произлезе од Ослободителната војска на Косово, вели дека се спротивставува на размената на територии, бидејќи според него, „Косово ќе изгуби многу“.

Тој оцени дека последните три состави на косовската влада паднале поради неодговорност кон граѓаните.

Весели смета дека тие влади, од неодговорност, ги оставиле граѓаните без визи, споменувајќи ја демаркацијата и данокот на српската стока.

Тој тврди дека Албин Курти, како Премиер, нанел голема штета на Косово во многу краток период на владеење.

Инаку Кадри Весели кој е роден 1966 година беше шеф на косовските тајни служби и Претседател на Парламентот на Косово.


Напишете коментар