Најголемата балканска ѕвезда, Здравко Чолиќ, со децении важи за најпосакуваниот маж во целиот регион, а многумина мислат дека овој епитет полека ќе „згасне“, но можеби епитетот ќе згасне но Чола сигурно нема.

Годинава во мај тој наполни 70 години и со тоа влезе во осмата деценија од животот.

Фотографиите кој што беа објавени низ балканските медиуми покажуваат како Чола се одржува во топ форма. Тој беше фатен како вежба во природа, а неговата фит форма ги воодушеви сите.

Прво пејачот беше забележан на жесток тренинг на Ада Циганлија, каде што шеташе и уживаше во сончевите зраци. А, потоа бил забележан како вежба на белградски Кошутњак, каде вежбал, брзо одел и правел вежби за стомакот.

Тој ослабе многу од неговото последно појавување во јавноста, а по овие фотографии не е ни чудно што е во топ форма и во неговата 70та година.