Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен уредник на списанието Бугарија-Македонија и директор на издавачката куќа „Свети Климент Охридски“. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските теми, автор на бројни написи и книги на оваа тема.

Така агенцијата БГНЕС го преставува Иван Николов пред своите читатели. Како што пишува БГНЕС, текстот/анализата на Николов ( од каде ќе ги цитираме клучните делови ) бил напишан специјално за БГНЕС.

Да потсетиме: Интервјуто на Зоран Заев кое беше шокирачко за Македонците беше дадено токму за БГНЕС. Сопственикот на БГНЕС, Љупчо Нешков е роден во Македонија, а неговиот татко Темелко Нешков на 16 години, 1944 година заминува во македонски партизани на планината Караорман.

Нешков е близок пријател и човек од доверба на Бојко Борисов, затоа и Зоран Заев и Љубчо Георгиевски ги дадоа своите интервјуа за БГНЕС.

Но еве ја клучната поента на Николов. Цитираме два пасуси од неговата анализа за да може да се сфати контекстот.

62 интелектуалци од Скопје издадоа апел: „Комисиите не можат да преговараат за македонскиот идентитет.“ Авторите на овој текст остро се спротивставуваат на договорите на Македонија со Бугарија и Грција. Според нив, овие договори ја уништуваат македонската државност, историја и идентитет, пишува Николов и додава:

Зборот „идентитет“ е најчесто повторуван покрај Вардар. Се повторува како паганска магија и повеќе е знак на национална комплексираност отколку на увереност. Тоа е така е затоа што, макар и потсвесно, тие разбираат дека постои значителна разлика помеѓу поимите „македонец“ и „македонист“. Гоце Делчев е македонец, Лазар Колишевски е македонист. Македонецот е македонски бугарин. Македонистот е србизиран македонец. Денко Малевски тврди дека „порано бевме еден народ, но сега сме два народа“. Засега, тој се воздржува од зборување за технологијата според која се создаде “вториот” народ. И тој е во право. Целата вистина не може да се излее одеднаш како од вреќа.

Ете така Бугарите го разбираат идентитетот. Истиот автор, Иван Николов има интересно објаснување и на историјата, но за тоа во друга прилика.