Еден од највоинствените лидери на Антифа бил човек кој ги палел и храбрел симпатизерите на Трамп кои упаднаа во Капитол. Иако и самиот објави видео од Капитол, уапсен е денови откако твитерџии го фатија како лабаво шета по улици. А за секој случај, го предал и брат му, што денес и во сталиново време е кул. 

Активистот на БЛМ/Антифа Џон Саливен е уапсен една недела откако беа објавени видеата кои го инкриминираат не само за учество во толпата која влезе во Капитол туку и за менаџирање на емоциите и постапките на „падобранците“.

Против него се подигнати неколку федерални обвиненија а случајот е документиран со докази како пред Капитол, со микрофон во рака, на присутните им вика: „Има да го запалиме ова срање!“

Во неговата верзија дека бил само „филм-мејкер“ поверува Сиенен кои го имаа како драгоцен очевидец на настаните:

Обвиненијата против Саливен потврдија дека факт-чекерите на Фејсбук и овојпат испаднаа утка бидејќи наводите дека Саливен бил еден од инспираторите на нередите ги прогласија за лажни вести

Претходно, Саливен го немаше на потерниците на ФБИ:

Братот на Џон, Џејмс Саливен потврдил дека тој на ФБИ во Солт Лејк сити му дојавил информации за брат му за кој верува дека не бил само учесник во масата, туку некако имал и некаква командна улога:

ФБИ деновиове соопшти дека во идентификувањето на лоцирањето на луѓето кои ги бараше за упад во Капитол, од огромна помош биле нивни најблиски кои доброволно пријавувале корисни информации за истрагата.

извор : оff.net.mk