Еден политичар треба да го искористиме да покажеме како функционира системот во Македонија. Тоа е идниот министер за финансии, Фатмир Бесими. Додека сите рефлектори во македонските медиуми беа вперени во Артан Груби или Бујар Османи, тивко и без галама Фатмир Бесими ќе стане министер на државните пари.

Да не беше предложен за министер за финансии немаше ни да знаеме дека неговиот брат, Флорим Бесими е на добитна позиција на пратеничките листи на ДУИ и дека по изборите на 15 јули тој стана пратеник во македонскиот парламент. По промоцијата на Фатмир Бесими за нов министер за финансии, братот-пратеник Флорим Бесими се откажа од пратеничката функција.

Ако ги прашате и најдобро информираните за политичките прилики во Македонија, многу малку од нив ќе можат да ви кажат кој бил шеф на изборниот штаб на ДУИ на овие избори? Погодувате, токму Фатмир Бесими беше шеф на изборниот штаб на партијата.

Кога ќе направите список на сите функции што во последните десет или 15 години ги имал Фатмир Бесими тогаш тој список е навистина импресивен.

Прво во мандатот на Бранко Црвенковски, како Претседател на државата, Бесими станува вицегувернер на Народната банка. Многумина тоа го објаснуваа со пријателството на Црвенковски со членови на семејството Бесими кои биле дел од безбедносните структури на државата.

Потоа следуваат министерските функции. За економија, за одбрана, вицепремиерско место за европски интеграции и сега потенцијален министер за финансии. Како министер за економија воспоставува пријателски релации со евро амбасадорот ( во заминување ) Семуел Жбогар кој во тој период е министер за надворешни работи на Словенија ( тоа е аферата Рико во Словенија ).

По доаѓањето во Скопје, Жбогар, кој е класичен високо рангиран американски играч во регионот, се вселува во нова приватна резиденција што му припаѓа на амбасадор од таков формат. Претпоставувате, резиденцијата која ја најмува или рентира г. Жбогар е куќата на семејството Фатмир Бесими во скопската населба Тавталиџе.

Така функционираат тие работи. Така фунционира политиката. Фатмир Бесими има природна дарба без големи конфликти да преживува во политиката. Освен мала краткорочна пауза од политиката или подобро речено од власта, која повеќе се должеше на одредени афери или нелагодности од приватен карактер, а многу малку или воопшто не поради некои турбуленции во ДУИ, сега Бесими повтоно на голема врата се враќа во Владата. И повторно без потреси. Цела негативна енергија ќе оди на сметка на Груби и Османи а Бесими ќе ја има моќта и парите.

Освен природен талент за таков тип на политичко делување, Фатмир Бесими секогаш ја имал потребната поддршка која е клучна за една политичка кариера во Македонија. Нема дилема дека Бесими е дел од екипата на Филип Рикер, поранешниот американски амбасадор во Македонија. Близок е до македонските масони ( само Фатмир Бесими ќе може да го спаси првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов од насанкувањето и погрешната проценка дека Христијан Мицкоски ќе победи на изборите ). И со добри релации, преку моќни членови на неговото семејство, со македонските безбедносни структури.

Сума сумарум, изборот на Фатмир Бесими за нов министер за финансии не е никакво изненадување. Ќе беше изненадување ако не беше битен играч во новата влада.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *