Познат како човек со големо срце, вечен позитивец и секогаш со насмевка на лицето, легендарниот пејач Џеј Рамадановски беше сакан и почитуван од сите.

Покрај врвниот глас и песните што останаа зад него, тој ќе остане запаметен по неговиот специфичен начин на свирење, кој сите го обожаваа.

Дури и свадбата на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан не можеше да помине без Џеј и неговите весели и енергични песни кои потикнуваат игра.