Која вакцина е најдобра како заштита од коронавирусот? И која вакцина да ја одберат граѓаните ако имаат можност за избор?

Тоа е главната дилема на оние кои се заинтересирани за имунизација, која вакцина да одберат. Д-р Радмило Петровиќ, познатиот српски епидемиолог, за српски Курир вели дека, иако се направени според различна технологија, сите вакцини се ефикасни.

Во секој случај, потребно е да се вакцинирате за да започнете да создавате имунитет и заштита што е можно поскоро, вели тој и објаснува:

Фајзер е генетска вакцина која го стимулира телото да произведува антитела кои го напаѓаат вирусот.

Руската вакцина е хибридна вакцина, каде што РНК се пресадува на аденовирус, додека кинеската вакцина се базира на мртов коронавирус. Јас сум најголемиот поддржувач на ваквиот вид мртва вакцина, бидејќи го содржи целиот вирус со сите антигени, па затоа се создава најадекватен имунитет, вели д-р Петровиќ.

Според него, граѓаните кои имале коронавирус може да одлучат да добијат спутник 5.

Тоа е вакцина која спаѓа во категоријата живи вакцини и, во некои случаи, кај пациенти кои имале коронавирус и имаат поголем број антитела, доволна е една доза за зајакнување на имунитетот што веќе го имаат.

Оние кои не ја прележале короната можат да земат вакцина Фајзер. Оваа вакцина е најдостапна за нас и произведува добар имунитет.

За хронично болните, би ја препорачал кинеската, инактивирана вакцина, бидејќи има најмал ризик од несакани ефекти. Станува збор за класична вакцина, која не може да ја влоши основната состојба, вели Петровиќ и додава:

Сите заинтересирани за вакцината треба да се подложат на општ преглед пред вакцинацијата, а хроничните пациенти треба да им дадат на лекарите детални информации за нивната состојба, вели тој.

Петровиќ, исто така, посочува дека ниту една од овие вакцини не се дава на бремени жени и деца. И вирусологот д-р Ана Глигиќ вели дека повеќе би сакала да прима класична, мртва вакцина, а следниот избор е вакцината Спутник 5.

Имам голема доверба и во руската вакцина, бидејќи на неа работеа одлични научници од сите профили. Сепак, многу е тешко да се дадат совети која вакцина да се прими. Сите се направени според најдобрата технологија, но ниту вакцините, ниту вирусот сè уште не се познати доволно, а ќе видиме само колку трае имунитетот и какви се ефектите, вели таа.