Биографијата на францускиот претседател, Емануел Макрон (43) открива детали за неговата врска со 25 години постарата сопруга Брижит Макрон (68).

Автор е францускиот новинар Гаел Чакалоф (49), кој се спријатели со Макрони во 2016 година, а тој будно го следи парот во последната една година и ја напиша биографијата „Се додека сме заедно“.

Францускиот пар се многу поврзани, имаат заеднички распоред и од минута во минута знаат што прави другиот. Тие се убедени дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот оди во кревет откако прво ќе разговара со жена си, која е заљубена во него. Таа понекогаш заспива и воопшто не го слуша што ѝ кажува, но најчесто го чека будна. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половина, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно.

Инаку, напишана е и уште една биографија за првата дама на Франција и претседателот. Автор на оваа биографија е францускиот новинар Маел Брун.

И двајцата се многу интелигентни, тие се поврзани на различни нивоа и со сето тоа е зачинето со многу љубов. И двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е токму тоа. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е полн со литературни зборови. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги гледав заедно, а ги гледав често, секогаш се допираа и бакнуваа по образ, откри авторот на книгата.

Зборуваат секогаш кога можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило во приземјето на Елисејската палата, а канцеларијата на Макрон е на првиот кат, па често се гледаат, наведува авторот.

Иако Макрон важи за близок со својата мајка, улогата на мајчинство на Брижит за нејзиниот сопруг се провлекува низ книгата неколку пати. Авторот истакнува дека мајката на Макрон е блиска со Брижит, која е три години помлада од нејзината свекрва, имаат пријателски односи. Емануел има напишано и еротски роман за својата сопруга пред да ја освои.

Го препознав каков е кога го видов, еден ден ми дојде тој непослушен тип, и го замолив да напише околу 300 страници прилично еротски и “валкан” роман. Имињата беа сменети, но беше јасно дека тоа е нешто што му поминува низ главата на Макрон, а очигледно тоа се однесуваше за неговата денешна љубов, изјави поранешниот сосед на денешниот француски претседател Емануел Макрон.

Младиот тинејџер Макрон тогаш му го донел својот ракопис на соседот кој се занимавал со печатење, во кој пишува за жена во која се заљубил една година претходно, 25 години постарата професорка Брижит која била мажена и мајка на три деца.

Според изјавите на познавачите, и денес парот е вљубен како и првиот ден.