Ако во Белорусија не се работеше за спроведување на обоена револуција, ниту францускиот претседател Емануел Макрон, ниту неговите колеги од ЕУ не би застанале на страната на демонстрантите. Така, од Белорусија, Брисел се обидува да направи нова Украина.

Всушност, во повикот на Макрон ЕУ да продолжи да ги поддржува демонстрантите во Белорусија се гледа еден од доказите дека станува збор за обоена револуција, а не за автентично протестно движење.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш отиде чекор подалеку од Макрон и го повика Брисел да го поддржи спроведувањето на „кадифената револуција“ во Белорусија, слична на онаа спроведена во Чехословачка во 1989 година.

Бабиш ја повикува ЕУ да изврши агресија против Белорусија во нејзина режија. Веднаш се повлекува паралела со тоа што Американците, заедно со Полска, која исто така е вклучена во белоруските настани, го спроведоа во Киев. Кога кулминација на обоена револуција беше извршениот пуч и државен удар, а Украина и денес не може да се опорави од тие настани.

Полска ќе одвои дополнителни 50 милиони злоти (околу 13,5 милиони долари) за поддршка на независни медиуми и невладини организации во Белорусија, изјави портпаролот на полската влада Михал Дворчик
.
Според Дворчик, минатата година таа сума изнесувала повеќе од 40 милиони долари.

На снимките од белоруските улици, секој кој е информиран како се спроведува една обоена револуција, може лесно да се забележат координаторите, кои не само што командуваат со кореографијата што ја извршуваат демонстрантите (на пример, кога ќе формираат жив зид ), туку и ги водат напади врз претходно испровоцираната полиција.

Покрај тоа, преку Интернет-каналот „Nexta“, кој работи преку социјалната мрежа Телеграм, слично на Твитер, на демонстрантите им се даваат инструкции и известувања во реално време за движењето на полицијата и за нивните активности што треба да ги спроведат. Преку Nexta се даваат инструкции за тоа каква заштитна опрема да употребат демонстрантите, кои улици се блокирани од полицијата, каде би било најдобро да се соберат демонстрантите итн.

Целата нелегална инфраструктура сега се крена и на дадениот знак започна да функционира. Преку Nexta се пласираат сите лаги. Некои сцени од Мајдан во Киев сега преку Nexta се пласираат како да се сцени од протестите во Минск. Дури некои сцени од Либија и Израел се пласираат како да се од Минск.

Организаторите на протестите, проценија дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко е слаб и дека е само прашањето на време кога тој ќе биде соборен од власта, откако белоруските безбедносни сили уапсија триесет платеници на компанијата за обезбедување воени услуги во сопственост на руски државјанин. Потоа, тие помислија дека е време за соборување на Лукашенко, кој, наводно, ја изгубил поддршката на Русија, и така почнаа да го спроведуваат сценариото на Мајдан.

Во првите денови тие започнаа сурово, брутално, со помош на млади луѓе кои очигледно биле обучувани со месеци. Тие извадија сè што имаат и со што располагаат како арсенал за да ја спроведат обоената револуција. Точно според упатството на Џин Шарп, сè до фрлањето молотови коктели. Во последните три дена го сменија сценарието, сега се девојките истурени во прв план и во првите редови, тие ги бакнуваат полицајците, носат рози, одат на мирни протести, но целта е иста, само средствата се менуваат.

Сепак, главниот настан е планиран за вечерва. Голем митинг ќе се одржи на Плоштадот на независноста во 19 часот, каде според некои најави Светлана Тихановска, која според резултатите од ЦИК доби 10 отсто поддршка на претседателските избори, ќе биде прогласена за претседател на државата.

Како што најави портпаролката на Тихановска, Олга Коваљкова: Вечер треба да биде завршено формирањето на Координативниот совет за обезбедување на преодната влада во Белорусија, кој ќе го сочинуваат 70 лица.

Претходно беше објавено дека Тихановска, која е во Литванија, наскоро би можела да се врати во Белорусија.

Можеби Организаторите на демонстрациите направија лоша проценка, можеби направија и добра проценка, бидејќи што и да се случи во Белорусија тие ќе имаат помала или поголема корист. Времето ќе покаже дали тие ги преценија нивните можности и можностите на инфраструктурата што ја имаат инсталирано во Белорусија. Можеби ја потценија или сакаат да ја тестираат поддршката која Лукашенко може да ја добие од Русија и од Путин.

А можеби тоа и го сакаат Путин и Русија да се замешаат воено во кризата во Украина и тоа да се користи во претседателската кампања во САД во корист на Џо Бајден а против Доналд Трамп. Бидејќи се што длабоката држава го прави во последните десетина месеци има само една цел: Трамп да не е повеќе во Белата куќа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *