Вељко Беливук (36) или како го нарекуваа Веља Невоља успеваше да избегне и да биде запрен од полицијата, бидејќи во неговата флота имаше две ауди осмица или точно исто возило како и директорот на српската полицијата, Владимир Ребиќ.

Тој отиде дотаму што ги направи регистарските таблички идентични со оние кои му се доделени на директорот на полицијата.

Според информациите, Веља Невоља вешто го избегнувал запирањето на сообраќајната полиција, но и радарите што биле на патот, со набавка на две возила ауди за неговите криминални активности, од ист модел и боја како и возилото на директорот на полицијата, Владимир Ребиќ .

Тој дури ги доби и регистарските таблички што ги има директорот на полицијата, кои ги стави на возилата, така што никој не го запираше мислејќи дека станува збор за службен автомобил.

Табличките што им се доделени на полициските службеници, кои се на повисоки позиции, се бришат од системот, а доколку возилото ќе поминеше низ некоја улица, тоа не беше запирано, бидејќи врз основа на регистарските таблички се гледа дека има некој во автомобилот кој е на висока позиција во полицијата.

Беливук исто така го знаеше тоа, па затоа изработи план како да изврши кривични дела и да посетува локации без никакво сомневање дека е таму, вели извор запознат со истрагата.

Двата автомобили беа запленети во полициска акција при апсењето на Беливук и членовите на неговата група. Покрај нив, како што се дознава, биле одземени и десетици други возила кои биле испратени на вештачење.

Автомобилите се земени од сите осомничени, но и од нивните сопруги, како и од другите членови на семејството. Се сомнева дека многу од овие возила биле користени за ликвидации и киднапирања. Експертските извештаи треба да наведат дали има ДНК или каква било друга трага од исчезнати лица во автомобилот, за кои постои сомневање дека биле убиени од Беливук – вели извор на истрагата.

Беливук беше уапсен на 4 февруари во голема операција на тајната полиција, заедно со уште 23 други членови на неговата криминална група, која сееше страв со години, пред се во Белград. Оттогаш, полицијата работи на истрагата и трага по докази кои ќе им помогнат Веља Невоља и неговите соработници да бидат осудени на затворски казни. Засега се осомничени за најтешки кривични дела – убиства, мачења, киднапирања, но добро е познато дека тие биле вклучени во трговија со дрога за црногорскиот кавачки клан, но и рекетирање во Белград, Панчево, Ниш.