Филипче: Вториот бран на коронавирусот дојде порано од што очекувавме, подготвени сме да интервенираме

Апсолутно мерките беа носени врз основа на анализите во секој момент навреме и беа согласно сите препораки и критериуми на Светската здравствена организација и нема мерка што не е преземена, меѓутоа овој бран што потекнуваше од настани што точно ги идентификувавме од страна на епидемиолошките прашалници, беше нешто добро на што добро изреагиравме во овој момент.

Ова го оцени министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во одговор на новинарско прашање „дали здравствениот систем има капацитет да се справи со оваа ситуација и дали ќе ја платиме цената на лошите стратегии и мерки кои се носеа во изминатиот период“.

– Точно знаеме со што располагаме и подготвени сме да интервенираме, дури и во случај да имаме и поголем број пациенти. Ние со ваква криза, а ниту една земја во светот не се соочила и сметам дека добро изреагиравме и добро се менаџира. Вториот бран дојде порано од што очекувавме, но тоа е тренд насекаде во регионот, истакна Филипче.

Анализирани се причините зошто дојде до ова зголемување, анализирани се мерките кои и кога се воведени во нашата земја, консултирана е и СЗО, информира министерот Филипче и потенцира дека нема мерка што не е спроведено или нешто што е пропуштено или направено во погрешен тајминг.

– Тоа што беше невообичаено и се трудевме да го анализираме беше како кај нас се случува, а не во околните земји за еден пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти, посебно имајќи ги предвид сличните карактеристики во сите земји во регионот, истите идентични воведени мерки во идентичен тајмин. Бевме прилично сигурно дека рано и на време сме интервенирале во идентификација на контактите и тестирање на контактите на заболените со најголем ризик, со цел да имаме чиста слика во овој момент на епидемиолошката состојба, за да не не изненади голем наплив на пациенти во одреден момент што сега го имаме и број не надминува 20 проценти од вкупниот број на новодијагностицирани, појасни Филипче.

Во таа смисла, најави, интензивно анкетирање на терен, идентификацијата на контактите, нивно тестирање по индикација, може да предвидеме што ќе се случи.


Напишете коментар