Незалудно е кажано дека фудбалот прекинува војни и дури и смртните непријатели ќе гледаат фудбал, а нема да војуваат. Големиот Пеле во 1969 година, како главна ѕвезда на моќниот Сантос, патуваше ширум светот и играше турнирски натпревари.

Селекција од Нигерија требаше да се сретне со Сантос, а натпреварот имаше голем финансиски ефект и дури и среде војна мораше да се одигра. Властите на Нигерија водеа војна со самопрогласената држава Биафра, а кога Пеле пристигна во Нигерија веднаш се потпиша 48-часовно примирје. 

Војниците присуствуваа на натпреварот и го гледаа големиот Пеле. Кога заврши натпреварот војната продолжи, а сеќавањето на големиот бразилски ас во Нигерија уште не бледнее.

Една од најбруталните војни во 20-от век беше сопрена заради фудбалски натпревар.


Напишете коментар