Од пред некое време нема бесплатно уживање во природните убавини и летање на Галичица. Ако сакате да уживате ќе морате да платите. 

Ценовникот е долг, иако не може да се најде на страна на Националниот парк Галичица, па така за кампирање треба да се плати 200 денари, а за поставување на шатор дополнителни 150 денари. За посета на најдолгата пешачка патека Магаро и Островот Голем град на Преспанското езеро се плаќа 200 денари. Влезници се наплаќаат и за автомобил по 50 денари, а за комбиња и минибус по 80 денари.

Иако ова е одлука од 2013 година, сепак истата постојано наидува на критики и лоши коментари од страна на посетителите. 

Пред некој ден на планинарите им било наплатено по 200 денари за да се искачат до врвот Магаро на Галичица. 


Напишете коментар