Бункерот во Белата куќа, официјално наречен Претседателски центар за вонредни операции, беше изграден во раните 40-ти години, во текот на Втората светска војна, за време на третиот мандат на Френклин Делано Рузвелт.

Вчера, членовите на тајната служба го одведоа Доналд Трамп во претседателскиот бункер под Белата куќа. Последен пат бункерот беше користен за време на терористичките напади во кои беше уништен Светскиот трговски центар.

Хари Труман, кој го наследи Рузвелт како Претседател, ја реконструираше Белата куќа во 1948 година, и тогаш се прошири и зацврсти подземниот бункер за да може да издржи нуклеарен удар.

Иако нема фотографии од Трамп во бункерот, сепак има постари фотографии, од времето кога последен пат беше официјално искористен – на 11 септември 2001 година, по уривањето на кулите близначки во Њујорк, кога Претседател на Америка беше Џорџ В. Буш.

Фотографиите на највисоките службеници на САД од 2001 година беа објавени во 2015 година од страна на Националниот архив на САД, така што од нив може да се добие барем делумен увид за изгледот на бункерот.

Бункерот се наоѓа под источното крило на Белата куќа, но неговата точна позиција и длабочината на која се наоѓа се тајна.

Пристапот до Претседателскиот центар за итни операции е можен по скали и лифт, сместен зад неколку тешки безбедни врати со систем за биометриска контрола.

Иако се откриени многу малку официјални информации за тајната мрежа на поврзани тунели под Белата куќа и бункерот, поранешната прва дама Лора Буш во своите мемоари од 2010 година објави неколку детали за тоа што доживеа во 2001 година. .

Влеговме во бункерот низ голем број големи челични врати што се затворија со гласен звук на воздухот што се пушташе, што значеше дека просторијата е херметички запечатена – напиша Лора Буш.

Како што напиша Лора Буш, додека ја воделе кон бункерот, таа видела мрежа на недовршени подземни ходници под Белата куќа.

Сепак, се шпекулира дека имало бројни промени помеѓу 2010 и 2012 година кога 375 милиони долари биле потрошени за подобрување на бункерите и тајните коридори под Белата куќа.

Книгата „Белата куќа на Трамп: Менување на правилата на играта“, објавена на почетокот на годината, вели дека има уште еден бункер под северниот тревник на Претседателската резиденција во Вапингтон.

Најмалку пет ката под земја, бункерот беше завршен пред крајот на претседателството на Обама и во него може да го смести целиот персонал од западно крило на Белата Куќа на неодредено време во случај на напад со оружје за масовно уништување.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *