САД повеќе од 40 години се обидуваа да ја спречат Русија да се врати на Блискиот исток, изјави американскиот помошник државен секретар за блискоисточни работи Дејвид Шенкер.

Сепак, напорите на САД не успеаја. На интернет семинарот на германската Маршалова Финдација во Вашингтон, Шенкер изјави дека „вистинската стратешка грешка“ на поранешниот американски претседател Барак Обама е „радосениот пречек на Русија во Сирија“.

„Столбот на американската политика повеќе од 40 години беше основната желба Русите да останат што е можно подалеку од Блискиот исток“, рече Шенкер.

Шенкер истакна дека Вашингтон очекуваше Русија да заглави во Сирија. Сепак, тоа не се случи.

Мислевме, се надевавме, дека ќе пропадне во Сирија … Сепак, Русија всушност го спаси режимот на Асад – рече дипломатот.

Треба да се потсети дека на крајот на 2015 година Русија испрати авијација во Сирија на покана на легитимниот претседател Башар Асад. Тоа го промени текот на војната во Сирија: уништен е огромен број терористи и нивната инфраструктура, а дел од нив беа потиснати; поголемиот дел од земјата беше ослободена и се врати под контрола на властите во Дамаск, а американскиот план за соборување на Асад беше исто така растурен.


Напишете коментар