Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Иванка Василевска на својот фејсбук профил му одговори на поранешниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и македонски премиер, Љубчо Георгиевски.

Во вчерашното интервју за ТВ 24 Георгиевски меѓу редови ја нападна Василевска како поранешна сопруга на поранешен лидер на ВМРО НП:

Јас сум запрепастен од поранешната сопруга на еден претседател на ВМРО Народна партија, која најмалку четири пати во мое присуство зборувала за заедничката историја меѓу Бугарија и Македонија. Сега гледам го напаѓa Заев и не ми се верува, изјави вчера Љубчо Георгиевски.

Василевска беше сопруга на поранешниот лидер на ВМРО НП и министер во владата на Љубчо Георгиевски, Марјан Додовски.

Денес Василевска му одговори на Љубчо:

Пропаднатиот поет и политичар, а сега средно богат бизнисмен, не би требало да си зема премногу “поетска слобода” кон вистината. Да се потсетиме кога беше антички македонец и како стана благонадежен сојузник до смрт на Заев. Тоа што е не еден, не два, не три ами дури четири пати говорено (чекам докази, снимки, серизен пристап) е само уште еден показател зошто не му остана ниедна птица во јатото, пишува Василевскка и додава:

Шлаканиците сеуште го болат и ѕверската желба за уништувањето на моето национално достоинство, му е ненаситна, па му останува само неговата дребна желбичка да биде граѓанин, длабоко разобличен од една екс сопруга. Како историчар, јас не си дозволувам поетски слободи во сеќавањата, а ги имам многу. Впрочем и не е случајно тоа што мојот прв академски труд објавен во Политичка мисла во 2006 година е на тема: “Будењето на македонскиот национален идентитет преку митот за Филип и Александар Македонски”. Сведоштвата говорат за сосема поинаквиот став на опкружувањето на ова лице и тоа ги дефинираше и останатите односи.

Според Василевска: Срамно е и жално за македонскиот народ да биде истоштен од лагите и манипулациите на овој човек, кој врз грбот на чистата македонска емоција се преобрази од голтар до милионер!