Димитар Бербатов имаше навистина одлична играчка кариера.

Беше еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња, иако никогаш не го криеше своето македонско потекло од Пиринска Македонија и пред своите пријатели често кажуваше дека како дете сакал да игра за скопски Вардар.

На врвот на својата кариера тој ги носеше дресовите на Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед. Но, кога беше во близина на легендарниот Бразилец Роналдо – се чувствуваше како дете!

Имено, Бербатов на неговиот инстаграм профил сподели интересна приказна што се случи во 2014 година.

Беше тоа пред седум години, кога Бербатов го сретна својот идол Роналдо на аеродромот во Минхен!

Како што напиша Бербатов на инстаграм, тој собра храброст да му пријде на легендарниот Бразилец, а неговата порака под заедничката фотографија добро опишува колку Бербатов му се восхитува на Роналдо.

Тој шеташе низ аеродромот, а луѓето дури и не го забележаа. Мислев дали се нормални, не гледаат еден од најдобрите играчи досега. Потоа почнав да размислувам и сфатив дека морам да направам нешто. Да барам фотографија или да се поздравам. Јас сум срамежлива личност, објаснува Бербатов.

Сепак, на крајот го стори тоа.

Но, собрав храброст и отидов до него и направивме фотографија. Тој беше учтив, иако не знаеше ниту кој сум, ова ми го направи денот посебен. Секој е нечиј фан, а Феноменот Роналдо е еден од моите херои, рече Бербатов.