Ќерката на Слободан, Марија Милошевиќ, имала бурен љубовен живот во својата младост.

Новинарот и публицист Марко Лопушина , познат по низата книги за работата на тајните служби, утрово ги воодушеви гледачите на утринската програма, откривајќи како бил прислушуван поранешниот претседател на Србија и СР Југославија, покојниот Слободан Милошевиќ.

На прашањето како воопшто бил прислушуван Милошевиќ, Лопушина откри во утринската програма на ТВ Хепи:

Многу лесно, рече тој, објаснувајќи дека Слободан Милошевиќ се сметал за голем српски националист и противник на југословенството, па затоа бил прислушуван во таа насока.

Лопушина тврди дека целата работа околу прислушкувањето на Слободан Милошевиќ се открила сосема случајно, кога ќерката на Милошевиќ паднала во љубовен транс со своето момче во семејната куќа! Во таа љубовна екстаза, која била толку силна, паднала завесата, а со тоа и прислушувачот!