Водителот на емисијата Ќирилица и главен и одговорен уредник на ТВ Хепи, Миломир Мариќ, во вечерашната емисија раскажа за малку познати детали за време на посетата на Џозеф Џо Бајден на Белград во 1993 година.

Мариќ ги презентираше своите откритија, според кои, сега веќе новиот претседател на САД, Бајден, по таа посета, напиша извештај во кој практично се предвидува се што ќе се случи на Балканот.

Бајден беше во Белград со делегација на Американскиот конгрес во 1993 година. По средбата со Милошевиќ, тој се врати во САД и потоа достави извештај – вели Мариќ.

Според познатиот водител и новинар, Бајден во извештајот предвидел крвави настани на Балканот.

Во извештајот се вели дека во Сребреница ќе се случи злосторство и дека ќе започне војната на Косово – рече Мариќ.