Криминална група, предводена од српски криминалци, веќе две децении го снабдува европскиот пазар со дрога од Јужна Америка, има паравоена единица, а неколку стотици соработници ширум светот работат за нив, пишува во извештаите на италијанската полиција.

Групата Америка ( како ги нарекуваат ) стана водечки играч во трговијата со кокаин помеѓу Јужна Америка и Европа, успевајќи за кратко време да создаде монопол над скоро сите поморски патишта за наркотици, снабдувајќи го европскиот пазар и одржувајќи силни деловни односи со италијанскиот и европскиот организиран криминал.

Ова е извештајот на италијанската полиција за најдолговечниот, веројатно најмоќниот, но и најмистериозниот криминален клан од Балканот, чии водечки членови се Срби. Врз основа на долготрајни истраги, Италијанците имаат информации дека овој клан има 15 постојани членови и неколку стотици соработници низ целиот свет.
Според италијанската полиција, водачи на кланот се Милета Миљаниќ и Зоран Јакшиќ. Јакшиќ од 2016 година, во Перу, издржува 25-годишна затворска казна за трговија со дрога, а Миљаниќ со години го бара италијанската полиција поради бегството од затвор.

Документите до кои дошле ОЦЦРП, Крик и чешкиот медиум Истрага, сведочат дека групата Америка е активна скоро две децении, во десетици земји ширум светот. Во тој период на членови на групата, во повеќе земји во светот, им беа запленети над пет тони кокаин, и многу убиства што следеа беа поврзани со тоа.

Од крајот на 90-те години соработниците на кланот Америка се уапсени и осудени во Србија, Црна Гора, Германија, Италија, Грција, Полска, Јужна Африка, Аргентина и Перу. Групата Америка имала свои луѓе во српската разузнавачка агенција кои им доставувале оружје, но и информации за тоа кој од членовите на групата тајно соработуваат со полицијата, наведува Крик во резултатите од долгогодишното истражување.

Италијанската полиција се сомнева дека тие врски одат уште пошироко.

Некој од САД ги штити, рече италијански полицаец.

Поранешен полицаец од Белград ја имаше истата теорија.

Верувам дека ЦИА стои зад нив, затоа ги нарековме Група Америка.

Моќта и големината на групата беше откриена во 2009 година, кога италијанската полиција повеќе од една година ги прислушкувала шефот на групата Милјаниќ и неговиот главен човек Јакшиќ. Полицијата инсталираше свои камери во станот во Милано што Милјаниќ го користеше во тоа време.

Тоа што го видоа и слушнаа беше зачудувачко, пишува Крик.

По долгогодишна работа, италијанските полицајци составија извештај кои сега го објавуваат Крик и ОЦЦРП.

Ова се закоравени криминалци, кои се многу опасни. Тие имаат паравоена единица со јасен команден синџир и многу оружје. Тие лесно го менуваат своето место на живеење, телефонските броеви – изјави обвинителот Марчело Мусо во 2016 година.

Италијанците ја нарекоа групата „агенција за услуги“ во меѓународната трговија со дрога. Таа купува кокаин од јужноамериканските производители и им ја продава дригата на европските трговци на големо, држејќи се подалеку од продажбата на улица. Клучната карактеристика на групата Америка е дека тие имаат помали, но почести транспорти на дрога. Тие обично испорачуваат околу 100 килограми кокаин, а не цели тони како што прават некои други групи.

Доколку полицијата ја открие и заплени дрогата, групата нема да изгуби многу пари. Кланот, според некои проценки, има околу 15 клучни членови и веројатно околу сто редовни соработници расфрлани на повеќе континенти, се наведува во истражувањето на Крик. Според податоците на полицијата, кланот купувал килограм кокаин во Перу за 1.650 долари (помалку од 1.500 евра), а го продавал во Европа за цели 35.000 евра. Тоа овозможувало милионска заработка.

На почетокот на 2009 година, италијанската полиција го прислушкуваше разговорот во кој Милјаниќ му кажал на Јакшиќ дека открил кој е „кртот“ во нивната организација. Миленко Ласковиќ, кого го викале Лаки, бил осомничен за предавство. Агентот на БИА му објаснил дека долго време работел за полицијата, каде го добил коднотото име Сречко, по англискиот превод на неговиот прекар-Лаки.

Шпионите заслужуваат да умрат – му рекол тогаш Јакшиќ на Милјаниќ, според информациите на италијанската полиција. Речиси една година подоцна, ноќта на 18 јануари 2010 година, Ласковиќ беше застрелан со три куршуми во главата додека го паркираше својот мерцедес во Белград.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *