Бас Утервијк, холандски фотограф и дигитален фото-артист, човек кој успева да фрли светлина на легендарни ликови кои оставиле голем белег во историјата на човештвото, прикажувајќи ги како тие би изгледале во реалниот живот. А токму на последната негова изработка се најде античкиот крал на Македонија, Александар Велики, кој нам ни е добро познат како најголемиот македонски војсководач, човек кои освоил ,,цел свет” во неговото време.

Користејќи најразлични дигитални алатки, Утервијк успева да создаде фотореалистични портрети од познати артисти, врвни лидери, мумии, антички филозофи, како и модели за фотографии. А погледнете како изгледа неговата реконструкција на ликот на Исус.

Со место на живеење во Амстердам, Утервијк има успешна позадина во графичкиот дизајн, 3D анимациите и користење на специјални ефекти. Тој користи добро позната слика од секој субјект и го трансформира во фотографски портрет.

Александар III познат и како ,,Александар Македонски”, ,,Фараонот на Египет”, ,,Господарот на Азија” итн. е еден од највлијателните и најпознати историски личности.

Роден во Пела, на територија на денешна северна Грција во 356 година пред нашата ера, тој е син на Филип II, кралот на Македонија и неговата сопруга Олимпија. Тој бил назначен на многу мали години како дел од престолонаследството поради истекнувањето на неговите воени способности и политичкиот капацитет.

Александар, чие име потекнува од Александрос и означува ,,чувар на луѓето”, како син на крал тој веќе знаел дека судбината му била креирана да биде дел од династијата и иден лидер на својот народ.

Поради ова, Александар уште како млад бил школуван и образуван од еден од најпознатите филозофи во историјата, Аристотел.

Бидејќи неговото образование вклучувало филозофија, политика, етика и наука, тој не беше обучуван да биде само воин туку и лидер на својот народ.

По смртта на својот татко Филип II, правилата налагале Александар да го превземе престолот иако тој имал само 20 години. Прилично млад тој успеал да се справи со предизвикот и стана крал на Македонија како и генерал на хеленската лига.

Неколку години пред смртта на Филип II, Александар успеа да ги обедини повеќето грчки градови-држави и да воспостави ред и мир и да ги повика заедно и обединето да се спротистават на персиските напади и обиди за освојување. Така подготвен тој храбро го започнува својот поход за освојување на Истокот.

Тој имал една цел а тоа е освојување на целиот свет се до границата на светот и како тогаш се нарекуваше ,,морето на крајот на светот”. Тој и неговата армија ја нападнаа Индија во 326 година пред нашата ера и успеваат да ја совладат и покорат по важната и одлучна битка над Паурава, кај местото Хидаспес.

По години војување и освојување на светот, моќниот крал тргна да враќа дома по барање на своите македонски војници.

Александар III Велики умира во Вавилон во 323 година пред нашата ера, во градот каде кој тој планираше да биде престолот на неговото кралство. Пред својата смрт тој отпочна серија напади, како и кампања за освојување и инвазија на Арабија.