Грчката полиција откри повеќе од 14 килограми кокаин во камион кој пристигнал од Италија и припаѓал на бугарска транспортна компанија. Возачот на камионот е албански државјанин. Камионот пристигна во Грција од Анкона преку пристаништето во Патра.

Кај возачот биле пронајдени 14.045 килограми кокаин, 7 грама необработен канабис и 287.060 евра. Илегалниот товар е откриен минатата среда. Во моментов во тек е истрага од грчките власти во соработка со Италија и Интерпол за идентификување на изворот на дрогата и мрежата на трговија со луѓе во Европа.

Камионот е одземен заедно со дрогата, а приведениот албански државјанин е предаден на обвинителството.