Во ексклузивно интервју за „Спутник“, Денис Логунов, заменик директор на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, откри дали руските научници направиле вакцина против вирусот корона „од нула“, кои се основните заклучоци на истражувањето и која оценката би ја добила вакцината кога станува збор за нејзината имуногеност и безбедност.

Ги спроведовме сите претклинички тестови за безбедност и ефикасност на вакцините, а потоа и две клинички испитувања, за време на кои беа тестирани безбедноста и имуногеноста на вакцината врз здрави волонтери, вели Логунов.

Вакцината покажа високо ниво на безбедност и голема имуногеност. Ако ги земеме специфични индикатори и бројки, кај волонтерите просечниот геометриски титар на антитела бил повисок од 1 на 14,000, скоро 1 на 15,000. Сто отсто од пациентите имале сероконверзија. Ова значи дека лицето кое ја примило вакцината има раст на антитела повеќе од четири пати од почетните вредности, додава тој.

Според Логунов, антитела што го неутрализираат вирусот се пронајдени кај сите волонтери кои ја примиле вакцината. Покрај тоа, антитела беа пронајдени и во случаи кога се даваа суви вакцини и вакцини во течна форма.

Не е точно да се каже дека успеавме да направиме вакцина „од нула“ во толку краток период. Поминаа четири децении од развојот на аденовирусната векторска технологија до нејзиното воведување во пракса. Во тие четири децении, се создаде технологија и платформа, која беше одобрена од десетици илјади луѓе. Од 2015 година, повеќе од 3.000 лица добиле вакцини, кои биле направени врз основа на аденовирусни вектори во Центарот за научни истражувања Гамалеј. Значи, не можеме да кажеме дека тоа беше дело кое траеше пет месеци, туку неколку децении, објаснува Логунов.

Вакцините засновани врз аденовирусни вектори не се прават само во Русија. Во Кина, компанијата “ CanSino” и “Johnson & Johnson” работат со вектори на аденовирус. Како прво, тие работат на вакцини против вирусот ебола. Овие платформи се добро познати и добро проучени во клиничките испитувања.

Американците работеа напорно за да ги имунизираат луѓето со аденовируси на четвртиот и седмиот серотип. Тие ги вакцинираат сите војници на американската армија со аденовируси. Студијата за повеќе од 100.000 вакцинирани луѓе покажа дека нема штетни ефекти. Покрај тоа, живееме со аденовируси веќе милион години и нема никакви соматски болести по инфекцијата.

Ние не работиме со живи аденовируси, туку со векторски аденовируси. Овие се вируси кои не се во можност да се размножуваат во човечките клетки. Затоа, можеме да заклучиме дека не е страшно да се живее со аденовируси и со вектори кои не можат да се репродуцираат, тоа е сосема безбедно. Моите зборови се потврдени со десетици илјади векторски студии, како и голем број клинички студии.

Готовите платформи засновани врз вектори на аденовирус овозможуваат брзо создавање на нов производ. Можно е брзо да се клонира генот за кој нè интересира, во овој случај тоа е коронавирусниот ген кој го кодира С-протеинот, кој ја формира „круната“ на коронавирусот САРС-СОВ-2. Треба да се уфрли во организмот за да се формира имунитет.

Синтезата на гените и нивното клонирање во вектор е најбрзиот процес. За сè што споменав до тогаш – проучување на аденовирус, истражување и создавање вектори, подготовка на технолошка платформа, потребни се неколку децении. Затоа не е можно да се каже дека ова било брз процес. Брзиот процес започна од моментот кога имавме технолошка платформа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *