По три дена натпреварување на Олимписките игри во Токио, најмногу медали имаат освоено Кинезите, вкупно 16.

Сепак, во генералниот пласман, Јапонците се водечки, поради поголемиот број златни медали.

Билансот на Соединетите држави се седум златни медали, односно три сребрени и четири бронзени медали и тие се сега во сендвич меѓу Јапонија и Кина.

Двоцифрен број медали освоија спортистите од Русија (12), додека под нив се се Италија со девет и Велика Британија со седум медали.

Кога се гледаат бројот на освоени медали на екс-југословенските држави тогаш табелата е големо изненадување за сите. Србите со среброто на Дамир Микец и бронзата на Тијана Богдановиќ се дури на 28-то место на ранг листата.

На големо изненадување на сите Косово е осма на табелата со два златни медали во џудо (Дистри Красниќи и Нора Ѓакова).

Хрватска и Словенија го делат 14-то место со едно злато и една бронза. Матеа Јелиќ (теквондо) и Бенјамин Савшек (кајак) освоија златни медали, додека Тони Канает (теквондо) и Тадеј Погачар (велосипедизам) освоија бронза.

Досега вкупно 46 земји стигнаа до медали во Токио. Македонија, Босна и Црна Гора од екс-југословенските држави се без медали.