Трагедијата во Посушје, во која осум млади лица загинаа од гушење на гас, го вознемири целиот регион.

Нивните тела беа пронајдени во викенд куќа во Трбистово, а загинатите се момчиња и девојки на возраст од 18 до 19 години, пренесува Кликс.

Тие ја дочекаа Новата година во викенд куќата, а нивните безживотни тела ги пронајдоа соседите од соседната куќа кога дојдоа да им честитаат.

Во соседната викенд куќа имаше исто така помлади луѓе кои ја чекаа Новата година. Тие први забележаа дека никој не излегува од викенд куќата што беше во близина. После тоа, тие се обиделе да влезат во неа, но вратата била заклучена. Едниот влегол и на приземјето пронашол осум лица во бесознание, по што повикал полиција – изјави комесарот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Западна Херцеговина, Милан Галиќ.

Според неофицијални информации, задушувањето се случило поради проблеми со генераторот, а меѓу настраданите се четири девојчиња и четири момчиња од областа Ракитна и Посушје. Случајот бил пријавен во полиција утрово околу 10 часот.