Во знак на солидарност кон граѓаните на Хрватска, кој денес ги погоди разорниот земјотрес, највисоката зграда во регионот „Аваз Твист кула“ е осветлена во боите на знамето на оваа земја.

Потсетуваме, денес во 12,20 часот силен земјотрес ја погоди Хрватска, а епицентарот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше во близина на Петриња.

Се чувствуваше низ цела Хрватска, но и во Босна и Херцеговина. Според најновите информации од хрватските медиуми, загинале седум лица.