Македонската репрезентација во фудбал го постигна најголемиот успех во својата историја, а тоа е пласман на ЕП за првпат во нашата независност како држава.

Вечерва во главниот град на Грузија, Тбилиси македонските репрезентативци со голот на капитенот Горан Пандев ја победија Грузија со 1 : 0.

Македонија вечерва слави. Ова е огромен успех за македонската држава и македонскиот народ.

Во Скопје и другите градови се слушаат пукотници од радост а групи навивачи излегоа на учиците да го прослават огромниот успех.