Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме да работиме со новата влада штом се формира. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата кон демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина.

Ова е пораката на амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнс, објавена на официјалниот твитер налог на Амбасадорот на САД во Македонија, по денешшното доделување мандат на лидерот на СДСМ за формирање на новата влада.

Твитот на Брнс се случи непосредно по прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој го обвини Претседателот на државата за кршење на македонскиот устав со давање на мандадот на Зоран Заев.

Кога веќе се нијансира политичкиот контекст интересно е да се потенцира дека ниту еден лидер на албанските партии во Македонија денес не ја прифати поканата на Али Ахмети за заедничка средба во хотелот Парк.

По изборите, и водената кампања Албанец за премиер, Ахмети се обидуваше или со помош на другите албански партии или со помош на ВМРО ДПМНЕ да ја засили својата позиција во преговорите со СДСМ и Заев. Ќе видиме дали овој пат “вечниот” Ахмети ќе ја погоди стратегијата или ќе мора да атерира во барањата ако сака да е дел од новата влада!?

Но едно е јасно, твитот на Брнс сугерира дека американската амбасадорка очекува тој да биде премиер и да ја формира новата влада!


Напишете коментар