Канада забрани директни летови кон Индија и Пакистан во рок од триесет дена, имајќи предвид дека ковид-19 е во експлозија во овие две земји и во моментов се наоѓаат во најтешка состојба од почетокот на епидемијата.

Граѓаните на Индија и Пакистан ќе можат да влезат во Канада од други земји, но само со негативен тест за ковид-19 од земјата од каде доаѓаат. Нема да бидат дозволен ниту транзит на тие патници.

Канада бележи 1,8 проценти позитивни патници кои пристигнале во Канада во изминатата година и најголем дел од нив биле од Индија. Во Канада веќе една година постои мерка со која се бара секој што влегува во Канада да биде во задолжителен карантин од 14 дена по пристигнувањето, што не важи само за здравствените работници.