Капетан Драган го критикуваше тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ поради Хрватите. Тие ги мачат Србите во затворите, а потоа се појавува Новак Ѓоковиќ и вели дека Хрватска е убава, вели тој!

Драган Васиjковиќ, попознат како капетан Драган, го критикуваше Ѓоковиќ во своето гостување на ТВ Курир.

Васиљковиќ ги анализираше последните сличувања во регионот, а во еден момент почна да го анализира и критикува најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ.

Имено, додека зборуваше за Хрватска, Васиљковиќ ја искористи можноста да го критикува Новак за неговиот однос кон Хрватите.

Таа нацистичка влада продолжува да ги мачи Србите во затворите користејќи ги методите од Гвантанамо, а потоа се појавува Ѓоковиќ кој вели дека Хрватска е убава земја – рече капетанот Драган на телевизија Курир.

Да потсетиме, Васиљковиќ е голем обожавател на Новак Ѓоковиќ, а своевремено испраќаше писма од затворот во Хрватска до најдобриот тенисер во Србија и првиот тенисер на АТП-листата.

Еден од тренерите на Ѓоковиќ е Хрватот Горан Иванишевиќ, а Ѓоковиќ не крие дека ги смета Хрватите и Хрватска за блиски.

Капетан Драган, кој има српско и австралиско државјанств, беше уапсен во Австралија, каде живеше под лажно име и беше тренер по голф. Тој беше екстрадиран во Хрватска во 2015 година.

На крајот од март, Васиљковиќ беше пуштен од затворот Лепоглава. Тој беше осуден за воени злосторства во Книн и во Глина за време на војната во поранешна Југославија.

Во вкупната казна затвор во траење од 13,5 години, на капетан Драган пресметано му е и времето поминато во екстрадициски притвор во Австралија од осум години и девет месци, како и времето поминато во истражниот затвор во Хрватска.

На капетан Драган му е забранет влез во земји членки на Европска Унија во следните 20 години.