Дваесет и седумгодишниот дефанзивец и капитен на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, синоќа е уапсен во Миконос поради учество во физички инцидент.

Англискиот репрезентативец е префрлен од Миконос во Сирос во полициско возило на траект, веднаш по тепачката пред еден од ноќните баровите на грчкиот остров. Мегваер со лисици на рацете бил спроведен во полициското возило откако почнал и вербално да им се заканува на полицајците кои пристигнале на местото по случувањата. Некои грчки медиуми шпекулираат дека Мегваер дури и физички тргнал да се пресмета со полицискиот службеник.

Од Манчестер Јунајтед се запознаени со инцидентот и велат дека Мегваер бил подготвен целосно да соработува со властите во Грција и дека сериозно жали за немилите случувања


Напишете коментар