Кој ја води и контролира македонската историска комисија, праша во вчерашното интервју за Канал 77 бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Не може еден историчар кој ги пишува фејсбук статусите на екс премиерот Никола Груевски да биде дел на таа комисија и да ја саботира нејзината работа вели тој.

Според Каракачанов, има дилема кој ја води историската комисија од македонската страна? Ја води владата на Република Македонија или ја води Виктор Димовски, шефот на македонските служби? Бидејќи тоа што комисијата го направи пред два дена покажува дека комисијата ја саботира политиката на владата на Зоран Заев и прави се да не се постигне договор со Бугарија, вели тој.

Во Македонија е силна таа длабока држава за која зборуваа и премиерот Заев и екс премиерот Љубчо Георгиевски, вели тој и додава:

Таа длабока држава се поранешните служби од Југославиија кои се инфилтрирани во целото македонско општество и во реалноста ја имаат клучната улога и клучниот збор во државата и тоа додека не прекине Македонија со таков менталитет не може да биде членка на ЕУ, смета Каракачанов.

Интересно е името Виктор Димовски. Димовски е сега на чело на АНБ или Агенцијата за национална безбедност. Во мандатот на Бранко Црвенковски беше испратен да биде македонски амбасадор во Србија, а по оставката на Кире Наумов од челната позиција на Агенцијата за разузнавање, тогашниот Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски го поставува Виктор Димовски да биде прв човек на Агенцијата за разузнавање.

По враќањето на Црвенковски на чело на СДСМ, во 2009 година, Виктор Димовски е избран за член на Извршниот одбор на СДСМ и е прв човек на партиската комисија за безбедност која на времето ја водеше, на пример, Лазар Китановски а сега Александар Верушевски.

Интересно е дека Виктор Димовски беше дел на битолската полиција до 1996 година или до пред избивањето на аферата со ТАТ а потоа тогашниот министер занадворешни работи, Љубомир Фрчковски го повлекува во МНР во Скопје.

Со отварањето на прашањето кој ја води македонската историска комисија-дали е тоа Заев или Димовски, Каракачанов како шеф на бугарските служби го отвара прашањето колку е силна опозицијата во СДСМ и во власта контра Заев и колку Заев ќе има сила да се спротистави на таа опозиција. Бидејќи Димовски на чело на новоформираната АНБ доаѓа минатата година, а во 2019 година сигурно Бранко Црвенковски не ја крои политиката на владата, посебно не во еден таков клучен сегмнент како што се тајните служби.

Така што многу поверојатно е дека зад изборот на Димовски може да биде Радмила Шекеринска или Оливер Спасовски? Или Претседателот на државата Стево Пендаровски со кого Димовски има одлични релации уште од периодот кога двајцата се блиски соработници на Црвенковски. Бидејќи Виктор Димовски на функцијата прв човек на АНБ доаѓа од позицијата државен секретар на Министерството за надворешни работи, а на таа позиција е именуван по формирањерто на владата на СДСМ во 2017 година.