Со оваа погрешна политика му штетите на македонскиот народ, не на Бугарија или на ЕУ.

Ова се наведува во декларацијата на пратениците од ВМРО БНД на Красимир Каракачанов.

Со вашето лицемерно однесување докажавте само едно: „Додека политичката елита во Скопје се ракува со едната рака, другата рака ја има стисната во скриена тупаница“, се вели во изјавата на пратениците.

Партијата на Каракачанов сега ги обвинува Русите, русофилите, сталинистите и соросоидите за ставањето бугарско вето за Македонија.

Се покажа дека едни од најактивните против бугарската позиција се токму носталгичните и русофилските кругови – и од двете страни на границата малите партии со сталинистичка пристрасност застанаа против позицијата што ја бранеа бугарските патриоти. Тоа јасно покажува колку е глупава тезата дека Бугарија со својата цврста позиција брани некои руски интереси, велат пратениците на Каракачанов и додаваат:

Застапниците и папагалите за европските вредности е подобро да размислат дали Европа има корист од земја како Северна Македонија во нејзините редови. И исто така е добро да се размислува за тоа кои се вистинските европски вредности, се вели во декларацијата на таа партија.

Од партијата на Каракачанов велат дека кој и да победи на изборите во Бугарија ќе води иста политика.

Заев сега вели, дека треба да поминат изборите во Софија. И греши. Бидејќи бугарските политичари се обединети во својата позиција. Кој и да победи на изборите, ќе поддржи една линија: опстојување на историската вистина и правда, се вели во декларацијата.

Неколкуте соросоидни говорници кои филозофираат за Македонија во нашата земја не се ништо повеќе од екстремна секта која е далеку од едногласното бугарско општество. И уште подалеку од вистината, пишуваат во партијата на Каракачанов.