Петар Богојески, кој е лидер на Македонски концепт, но е историчар по професија, во последните месеци објави низа несоборливи докази за постоењето на Македонците и македонскиот јазик во периодот пред Втората светска војна.

Нашето внимание го привлече последната објава на неговата официјална фан страна на фејзбук, која се однесува на резултати од официјалните пописи на населението во САД, објавени на IPUMS USA, веб-страница и база на податоци што овозможуваат пристап до над шеесет интегрирани, високопрецизни примероци на американското население извлечени од шеснаесет федерални пописи, од Анкетите на американската заедница.

На линкот кој е споделен се наведува дека “некои од овие примероци постојат со години, а други се создадени специјално за базата на податоци IPUMS USA”.

https://usa.ipums.org/usa/voliii/inst1920.shtml?fbclid=IwAR1c58F1kxCzHG8Ujli_BB_s8s3iplzto4gDW3ucWK_mjjAYpUZihRnEmTM

Богојески го стави на увид пописот на населението во САД во 1920 година, каде без влијание на Коминтерната, по основ на јазикот кој го говорат како мајчин јазик, јасно се попишани Македонци со мајчин македонски јазик!

“Дали сега ќе има доблест научната јавност од Република Бугарија, конечно да ги признае фактите, да ја признае реалноста и да им соопшти на граѓаните на Бугарија дека се жртви на болшевичка пропаганда (живко – божидаризам), дека тие се етнички Македонци во рамки на современата политичка бугарска нација?- прашува Богојески во неговата објава.

Ако на пописот во 1920 година во Америка, Амакедонците се пишувале како Македонци чиј мајчин јазик е македонскиот, во таа 1920 година Тито е небитен играч кој работи како бравар во Хрватска, а Милован Ѓилас има само 11 години.

Плус Коминтерната, која нели го создала македонскиот народ и македонскиот јазик, е формирана на 2 март 1919 година, значи само една година пред пописот во Америка.