Додека Скопје не се согласи на барањата на бугарската страна, Софија нема да може да го поддржи почетокот на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. 

„Јас разговарав со Заев најмалку четири пати во последните две години, но за жал, тие не ме разбираат. Проблемот не е во нас. Бугарија не ја блокира Македонија, туку политиката на Скопје ги блокира граѓаните на Македонија на патот кон Европската унија“, заклучи Каракачанов

Што мислите дека ќе сменат изборите ? Тие можат само уште повеќе да ги бетонираат нашите ставови откако ќе ги добиеме изборите и довербата кај граѓаните. По идната укажана доверба од граѓаните ќе знаеме дека сме на прав пат и ќе останеме цврсто на ставовите како и до сега .