Никогаш не сум ги видел Бугарите толку обединети како на темата за Македонија. 84% од бугарскиот народ се залага Бугарија да спречи кражба на историјата и понижување на достоинството, изјави за БНТ вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Според него, компромис за историјата на бугарскиот народ би бил национално предавство. Кој и да го прифати тоа, неговата фотографија треба да биде ставена веднаш до таа на Георги Димитров, кој го наметна македонизмот со насилство во Пиринска Македонија.

Софија нема да прави компромис со Македонија на кој било начин.

Ние немаме право да признаеме во ЕУ земја со нов идентитет на антибугарска основа, рече Каракачанов за БНТ.

Тој истакна дека не е Бугарија таа што ја запира Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, туку Македонија сама се сопнува од својата неподготвеност да развие нормални односи.

Скопје не стори ништо за да ги запре фалсификатите на историјата и говорот на омраза. Ние не сме претставници на турско-татарско племе, како што велат нивните учебници по македонска историја. Ние не сме окупатори, фашисти и убијци. Не можеме да поддржиме држава што врз основа на кражба на бугарската историја создава нов идентитет со омраза кон бугарскиот народ , повтори уште Каракачанов.