Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Европската унија нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на унијата, затоа нашата позиција е правилна и е во согласност со европските и националните интереси. Ова го изјави во Варна бугарскиот вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, објави бугарското национално радио.

Тој исто така го коментираше притисокот од повеќето европски држави Бугарија да ја прифати евроинтеграцијата на Северна Македонија без забелешки:

“Му реков на г-дин Заев – вие го повлековте краткиот стап. Не направивте ништо три години и така се случи кога требаше да се донесе одлука, а јас сум вицепремиер во Владата на Бугарија, не можам да направам компромис со антибугарската политика и не ме интересира дали една, втора или трета држава, кои се наши партнери, имаат поинакво мислење и се обидуваат да ја наметнат својата визија на кој било начин, имаше обиди да бидеме убедувани, но Бугарија има свои лични интереси и мора да ги брани “, рече бугарскиот вицепремиер.