Карлеуша стана Karlykosova – најпозната „албанска“ пејачка: Ајварот ви го простивме, неа – нема…“ (ФОТО)

Јелена Карлеуша е една од најпознатите не само српски, туку и регионални поп-фолк пејачки. На Инстаграм ја следат над 2,3 милиони следбеници ширум светот. Тие велат дека таа е најконтроверзната српска пејачка и дека е некој што ги поместува границите и во музиката и во модата.

Но однеодамна на социјалните мрежи започна да кружи лажен профил кој објавува нејзини фотографии, што не е изненадувачки бидејќи Карлеуша има голем број обожаватели и е мегапопуларна во регионот. Сепак, она што е интересно е описот на самиот профил, како и неговото име. „Страница за Јелена Карлеуша, најголемата албанска музичарка“ стои како опис на самиот профил, додека неговото име е Карликосова (Karlykosova).

Ова предизвика голем број коментари и реакции на Твитер, најмногу негативни, каде најчесто се зборуваше дека е срамота да се каже дека најпопуларната српска пејачка има албанско потекло. Овој пат ќе го издвоиме најсмешниот коментар на овој лажен профил: