Приходите на Црна Гора од странски туристи од почетокот на 2020 година до крајот на септември изнесуваат 100 милиони евра, додека во истиот период во 2019 година вределе 978 милиони, покажуваат новите податоци на Централната банка на Црна Гора за билансот на плаќања со странски држави.

Падот на приходите од туризам го турка јавниот долг на 100 проценти од БДП
Како резултат на драстичното намалување на приходите во најважната гранка на економијата, вкупниот пад на економијата може да биде близу до цифрата од 20 проценти. Со тоа државниот јавен долг ќе се искачи на околу 100 проценти од БДП.

Извозот на услуги за овие девет месеци изнесуваше 491 милиони евра, додека лани за истиот период вредеа милијарда и пол.

Туризмот во Црна Гора е во голем дефицит