Шри Ланка евакуираше 75.000 луѓе од домови на источниот брег, каде вечерва се очекува тропскиот циклон Буреви, кој носи ветрови од 80 до 90 километри на час, да ја погоди островската држава.

Šri Lanka

Циклонот најверојатно ќе ги оштети крајбрежните згради, ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија и ќе донесе поплави, соопшти Центарот за управување со катастрофи, советувајќи ги оние што живеат во близина на патот, циклонот да помине низ нив, да останат во затворени простории, објави Ројтерс.

Евакуираните од областа Тринкомали, каде се очекува најсилен циклонски удар, се сместени во 237 хуманитарни центри се додека не помине циклонот, соопштија официјалните лица.

„До вечер или ноќ, циклонот ќе го погоди копното“, рече Атула Карунанајаке, директор на Метеоролошкиот институт, додавајќи дека во некои области ќе наврнат над 200 милиметри дожд.

Утре циклонот ќе продолжи да се движи северозападно кон Арапското море, наведе тој.