Голем број на француски римокатолици се собраа низ целата земја за да го искажат своето незадоволство поради новите мерки кој што предвидуваат ограничуање на движењето.

Демонстрантите со химни и молитви пред црквите ги одржаа протестите во повеќе градови низ целата земја со барање владата да дозволи да се одржат неделни миси.

„Никогаш во животот не сум протестирала “, рече една мајка која присуствуваше на протест со своите деца и додаде: „Следиме протоколи, а колку што знам, немало избувнување зараза во црквите. Ние сакаме да го побараме нашето право на миса. Ова е прашање на слобода на вероисповед“.