Косовскиот премиер и министерот за здравство ја одбија донацијата, бидејќи надлежните агенции на ЕУ не одобрија употреба на кинески вакцини.

Активист на движењето Самоопределување во Албанија, Арбер Заими, смета дека премиерот Еди Рама намерно му ја понуди кинеската вакцина на Косово откако Албин Курти дојде на власт, иако претходно беше најавена донација на вакцини Фајзер.

Косовскиот премиер Курти ќе отпатува за Албанија на 25 април, но не за да се сретне со Рама, туку за да гласа на изборите, бидејќи тој има и албанско државјанство.

Албанија досега обезбеди над милион вакцини од ЕУ, Кина и Русија, а Еди Рама смета дека однесувањето на Курти е кампања пред парламентарните избори во Албанија, во кои учествува и Самоопределување.