Рано утрово, ерменскиот противракетен С-300 реагираше и собори два проектила во близина на градот Абвојан.

Според непотврдени информации и засновани на мислење на воени експерти, двете азербејџански ракети имале летачка патека во правец на нуклеарната централа лоцирана во регионот околу Ереван, пренесува медиуми кои се на лице место на воените дејствија.

Пресретнувањето е извршено на растојание од околу 50 км пред ударот, што, ако ги земеме главните карактеристики на С-300, би значело – неколку секунди пред ударот.

Попрецизни информации ќе бидат објавени само за неколку дена, бидејќи е потребно да се направат анализи врз основа на остатоци од уништени проектили и да се утврди за кои ракети станува збор и кои се нивните карактеристики.

Да потсетиме, Ерменците се први во светот (со исклучок на Русија) кои го користеа С-300 во реални борбени услови, иако овој систем за противвоздушна одбрана е развиен пред скоро 40 години.

Конфликтот Нагорно Карабах започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион прогласи отцепување од Азербејџанска ССР. По вооружениот конфликт во периодот 1992-1994 година, Баку изгуби контрола над Нагорно-Карабах и седум соседни региони.

Преговорите за мирно решавање на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Соединетите држави и Франција. Азербејџан инсистира на зачувување на својот територијален интегритет, а Ерменија ги штити интересите на непризнатата република, имајќи предвид дека Нагорно Карабах не е страна во преговорите.