Казахстан ја укина смртната казна, објавенo е на веб-страницата на претседателот на таа земја, Касим Токаев.

Во известувањето се наведува дека претседателот на Казахстан го потпишал ратификувањето на Парламентот на Вториот факултативен протокол на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, пренесува Гласот на Америка.

Како што е објаснето, станува збор за документ што ги обврзува потписниците да ја укинат смртната казна.

Извршувањето на смртната казна во Казахстан беше запрено во 2003 година, но судовите продолжија да ја изрекуваат најстрогата пресуда во исклучителни околности, вклучително и за злосторства што се сметаат за тероризам.

Еден од осудениците на смртта е Руслан Кулекбајев, кој уби осум полицајци и двајца цивили во 2016 година во градот Алмати.

Сега ќе одлежи доживотна казна затвор.