Поранешниот хрватски шампион Хајдук Сплит повторно има очаен старт на сезоната и никако да излезе од сенката на Динамо Загреб кој владее во хрватскиот фудбал.

За тоа каква е состојбата во Хајдук најдобро отсликува ситуацијата од вчерашниот натпревар од хрватскиот шампионат против Осијек кога двајца фудбалери на „билите“ се расправаа кој да го изведе пеналот во финишот од натпреварот.

Жаиро и Хради се буквално се искараа за тоа кој да го шутира пеналот, Хради ја зеде топката но му беше одземена од соиграчот. Сепак Хради не се откажа од намерата тој да го изведе ударот од белата точка во 90. минута и на крајот го промаши пеналот, а средбата заврши без победник 1:1.

Со ремито Хајдук ја прекина серијата од три порази од Горица, Шибеник и Истра, но се наоѓа на разочарувачкото седмо место со само 11 бода, дури 15 помалку од лидерот Динамо Загреб.